Дневен хороскоп 10 02 2016 Среда
ОВЕН
Токму кога ќе помислите дека се сте средиле и дека работите ќе тргнат во поволен правец, ќе се појави некој проблем што ќе ви го расипе расположението. Ако работите со јавност или во медиуми, денес може да добиете критика од страна на конкуренцијата. Можеби партнерот повремено се однесува нервозно, но не мисли ништо лошо. Обидете се да ја спуштите топката и да не правите тензија. Овие денови е можен краток пат заедно со партнерот.
БИК
Намалете го темпото и полека размислете за следните потези. Работите ви одат добро, но вие би сакале да имате се, сега и веднаш. Некои планови ќе треба да се сменат, а затоа ви е потребно полека да размислите. Бидете внимателни кога се парите во прашање и не дозволувајте да дојдете во финансиска криза. Ако сте слободни, не дозволувајте некој да си игра со вас. Повремените гледања и слушања не водат никаде.
БЛИЗНАЦИ
Постојано некаде брзате и како да сакате да ги решите сите проблеми одеднаш. Ќе морате да го забавите темпото ако сакате да го постигнете потребниот квалитет. Ако сте невработени, можен е разговор за работа. Можеби нема да бидете задоволни од финансискиот дел, но сепак ќе биде доволно за почеток. Ако се наоѓате на почеток на нова врска, обидете се да се опуштите и престанете да го анализирате партнерот. Уживајте во моментот и не му барајте мани кои ги нема.
Слично
