Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 09 12 2015 Среда

Дневен хороскоп 09 12 2015 Среда
Овен Ова е одличен период за некакви науки, учења, семинари, магистратури и се што е врзано за школскиот, односно образовниот систем во една поширока смисла на зборот. Ова можеби и не е само време за некакво учење туку можеби и за некакви големи и далечни патувања, иако и со учењето се патува, само на поинаков начин. Но дали наведеното и на тоа асоцираното ќе биде успешно или не, секако зависи и од вашите лични хороскопи. Слушајте ја својата интуиција, иако лично сметам дека сте вакцинирани против неа Бик Денес ќе бидете многу ефикасни и продуктивни, бидејќи сте отворени и спремни за вршење на рутинските работи. Не морате да се докажувате и да бидете фасцинантни. Вашиот импулс ве води да го завршите сето она што сте го започнале. Имате критичко око, па нема да може ништо да ви избега. Близнаци И понатаму брзате. Не размислувајте за тоа дека ќе ја истрошите енергијата и ќе паднете во друга крајност. Кога ни е најдобро, кога сме најсилни – криеме и маската паѓа. Тоа е нормалниот тек на нештата. Доброто и лошото во животот се менуваат. Се советува полежерна комуникација. Рак Ќе донесете одлука поради која можеби ќе имате сериозни проблеми. Тоа првенствено се однесува на емотивниот живот. Сте почнале да грешите на тој план, па партнерот е на крајот на нервите. Бидејќи се’ уште не е доцна да се вразумите, свртете се кон работата. Лав Чувството за ред што е присутно денес, ќе придонесе за вашата организираност и исполнителност. Сакате работите да бидат на свое место и го цените своето време, а тоа ќе ви овозможи да постигнете повеќе. Ќе бидете нагласено луцидни и свесни за одредени работи кои досега не сте ги забележувале или предолго сте ги запоставувале. Девица Нема да ви биде проблем да се покажете во било кој потфат што ќе наумите да го преземете. Ќе бидете задоволни со себе, а и другите ќе го рефлектираат тоа, па со задоволство ќе бидат во ваше присуство. Внимавајте како ги трошите парите, наскоро е можен кусок во вашите финансиски резерви. Вага Очигледно сте претерале со работата, па се чувствувате исцрпено и уморно. Не сакате семејството да забележи како се чувствувате, па вешто глумите. Доколку некој се обиде да ве допре, ќе дојде до конфликт. Се’ ви се насобрало. Со спорт лечете го или ублажете го стресот. Скорпија Со партнерот никако да се согласите. Треба или него да го промените или да промените нешто во врска со него. Обидете се да не му се спротивставувате, туку на неговите забележувања да молчите. Тогаш сте најпаметни. Брбливоста последниве денови скапо ве чини. Стрелец Покрај тоа што се чувствувате добро и сакате да бидете опкружени со многу луѓе, некои од вас ќе мораат да се грижат за некои членови од семејството, или да држат чувствителна рамнотежа во односот со партнерот. Неочекуваниот флерт ќе ве остави без здив! Јарец Реално ги согледувате ситуациите, подготвени да одреагирате на најдобар можен начин. Не сте во дилема, бидејќи луѓето и нештата сте ги ставиле на местото што го заслужуваат. Мора да бидете внимателни во сообраќајот и во другите видови комуникација, поради можност од повреди. Водолија Она што го доживувате овие денови е еден вид изолација, дали доброволна или како одраз на повисоки околности. Самотијата е најдобар пријател, па искористете ја конструктивно. Обидете се да најдете подобар начин за осамување. Никогаш не сме толку успешни колку што би сакале. Риби Лесно воспоставувате контакти и ги постигнувате целите што сте ги зацртале. Тоа првенствено се однесува на љубовта. Многу припадници на овој знак доживуваат незаборавни моменти опиени со нежни љубовни напливи. Искористете ги, бидејќи се’ што е убаво е минливо.
Слично

Поврзани вести