Дневен хороскоп 09 08 2016 Вторник
Овен
Бидете внимателни во односот со вашите колеги, затоа што би можеле да бидете предизвикани од некого. Освен ако не чувствувате одговорност и не сте лично засегнати, можете слободно да се издигнете над ситуацијата и лежерно да се посветите на својата работа.
Бик
Вашата интуиција е на завидно ниво. Успевате да ги сфатите пошироките рамки на вашето опкружување. Оваа луцидност ве става во позиција совршено да ја процените вашата ситуација. Сите одлуки донесени денес, ќе бидат продуктивни. Партнерот ве поддржува, а вие сте емотивно стабилни.
Близнаци
Интензивно размислувате за некои разговори кои се случуваа во минатиот ден. Можеби сте во право, а можеби не. Би требало повторно да размислите околу проблематичните прашања, но ќе биде многу важно правилно да ги проценувате работите и да ги контролирате своите емоции.
Рак
Немојте да барате потврдување или одобрување од страна на другите! Денес некои од вас ќе бидат школски пример за личност која не си верува доволно себеси. Морате да сфатите дека најбрзиот и најефективен начин да бидете среќни е да бидете исполнети со себе како личност. На тој начин ќе успеете правилно да ги поставите работите во сите сфери од животот.
Лав
Месечината се наоѓа во вашиот опозиционен знак, па затоа ќе бидете пречувствителни и анксиозни. Секоја постапка на партнерот ќе ги дразни вашите нерви. Можеби сето тоа укажува на некои хронични проблеми, но денес не сте во состојба правилно да ја процените ситуацијата.
Девица
Имате многу силна волја и подготвени сте за нови остварувања, но кога се работи за некои проекти или планови кои не ви се допаѓаат, знаете да ги игнорирате или да им ги препуштите на другите. Подобро би било да се вложите, затоа што нема да можете да пронајдете изговор кога ќе ве нападнат дека работите само за резултати.
Слично
