Дневен хороскоп 09 05 2016 Понеделник
Овен
Имате премногу обврски кои задолжително мора да ги завршите, но ви недостасува време. Побарајте помош од пријателите и завршете ги задачите. Некој пријател од детството ќе ве повика на заедничко патување. Не се двоумете, заминете и поминете си убаво.
Бик
Потребно е да вложувате многу труд за правилно и навремено извршување на работните задачи и воопшто за постигнување на некој успех. Комуникативноста денес ќе ви биде одлична , но тоа не значи дека треба да се впуштите во решавање на проблемите поврзани со склучување на договори.
Близнаци
Правилно ќе ја прецените моменталната ситуација на работното место но ќе заборавите на некои помали делови кои се доста важни. Ќе ви помогне ваш стар пријател или колега и ќе направи работата да биде спасена. Преоптоварени сте со деловни обврски и немате доволно време за приватниот живот. Морате нешто да превземете околу тоа прашање, зошто на крај можеби ќе бидете напуштени.
Рак
Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден. Ќе бидете привлечни за личностите од спротивниот пол.
Лав
Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата врзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со преоблемот. До вас се вашите колеги кои ќе ви помогнат да ја пребродите моменталната ситуација.
Девица
Некои помали промени на работното место ќе ви дадат додатна сила за постигнување на подобри резултати. Нема да се пожалите од досада. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите.
Слично
