Дневен хороскоп 09 02 2016 Вторник
ОВЕН
Денес ќе ви се случи повторување на некоја ситуација која ја имавте во изминатиот период. Нема да се случи ништо ни добро ни лошо, туку едноставно ќе морате повторно да го преживувате истото. Ако сте слободни, бидете внимателни какви избори правите. Многу лесно можете да бидете заведени од нечии убави зборови или добар изглед. Тажно е кога на крај ќе сфатите дека сето тоа било празно и без емоции. Чувајте се од разочарувања.
БИК
Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост така да не треба да го губите времето на споредни работи. Сепак треба да внимавате од секој вид на претерување, особено во храната и алкохолот.
БЛИЗНАЦИ
Доколку сте пропуштиле нешто во изминатиот период, денес ќе имате шанса да ја поправите грешката. Особено ако сте пропуштиле договор со некој странец или странска фирма. Во овој период бидете на дистанца со луѓе кои имаат пороци. Тие би можеле да ве во вовлечат во неволји од кои тешко ќе се извлечете. Партнерските односи ви се добри и партнерот се обидува да ве задоволи. Доколку сте сами, можно е повторно да се зближите со старата љубов.
Слично
