Дневен хороскоп 08 12 2015 Вторник
Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес.
ОВЕН
Внимавајте денеска да не бидете изманипулирани од некоја личност. Можно е некој да проба неговите зборови да ги стави во вашата уста и од тоа да извлече корист. Не паѓајте во замки. Умот ви е прилично отворен и прифаќате туѓи сугестии. Користете ги очите и ушите за да профитирате од информациите. Верувајте во себе.
БИК
Во вашите зборови денеска ќе се сокрива голема моќ, па затоа внимавајте како ги користите. Ќе манипулирате со другите во своја корист, а на крајот тоа и не мора да испадне како што вие сте сакале. Дајте им на другите слобода во размислувањето и дозволете им да одлучуваат во свое име. Бидете отворени и искрени кон сите.
БЛИЗНАЦИ
Вашето однесување е променливо. Еден ден сте полни со енергија, а следниот се однесувате како да се наоѓате во длабок сон. Не очекувајте некој друг да ве помрдне од мртва точка. Ќе морате да покажете повеќе иницијатива ако сакате да направите нешто повеќе за себе. Во љубовта исто така не знаете што сакате. На моменти го провоцирате партнерот и предизвикувате кавга, а во следниот момент ви е потребен мир и сигурност. Време е да станете покритични во однос на себе.
РАК
Ова е многу добар период за вашата кариера. Материјално сте ориентирани и имате шанса да остварите некои соништа кои сте мислеле дека никогаш нема да ги остварите. Денес ве очекува договор за поголема зделка. Искористете ги своите пет минути и создадете база за следниот период. Ако сте слободни, денес е можно изненадување. Една личност е заинтересирана за вас, но вие досега не ја забележувавте. Време е да ја забележите. Многу ќе ви се допадне тоа што ќе го видите.
ЛАВ
Денеска не се плашете да ги покажете чувствата. Верувајте им не луѓето повеќе од в ообичаено. Ќе видите дека се оди подобро кога на работите ќе им пристапите со довореба и позитивизам наместо со вообичаената сомнителност. Слушајте ги луѓето кои многу ги сакате. Ќе ви пренесат важна информација која ја чекате долго време. Може и да не ви се допадне тоа што ќе го слушнете, но долгорочно гледано тоа е најдоброто за вас.
ДЕВИЦА
Се чувствувате несигурни и како некои работи да ви се лизгаат од рацете. Завртете се зад себе и размислете што се сте направиле. Тоа ќе ви даде поголема самоувереност и ќе ви помогне да преземете некои работи. Ако работите со странци, денес е можен контакт што ќе ви донесе успех. Покажете поголема флексибилност во однос на партнерот. Премногу сте загрижени за ситници, а тоа само ја оптоварува врската. Слободните девици едноставно не знаат што сакаат.
ВАГА
На работното место се случуваат многубројни активности кои вие не сте во состојба да ги следите. Моментално имате пад на концентрацијата и недостаток на енергија. Ќе морате да сторите нешто за да не си ја пропуштите шансата. Промените што се случуваат околу вас може да ве заобиколат и подоцна да ви биде криво заради пропуштената шанса. Премногу сте попустливи кон партнерот и тој зема се поголем замав. Време е да разговарате и да ги усогласите заедничките интереси.
СКОРПИЈА
Не дозволувајте стравот од неуспех да ве успорува на вашиот пат. Иако најмногу сакате да ве снема од „сцената“ и работите да ги правите на најлесниот начин, тоа денеска не ви паметно решение. Овој пат треба да се покажете како лидер. Ослободите се од стравот и преземете контрола над својот живот
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе имате шанса да заинтересирате една личност на висока положба за вашата работа. Морате да бидете поупорни и да ја убедите личноста во успехот на вашиот проект. Работите ви одат добро, само што ви е потребна поголема самодоверба. Вие сте си најголемата кочница. Партнерот ви е сосема посветен и се труди да ви помогне. Неговите совети ќе бидат од големо значење во овој период. Доколку сте сами, имате шанса да сретнете пријатна личност која е ориентирана кон домот.
ЈАРЕЦ
Доколку имате намера да потпишувате некој документ, бидете многу внимателни. Можно е да превидите некој член од договорот и тоа подоцна да ви направи проблем. Материјалната ситуација ви е добра, но тоа моментално не ве задоволува. Вашите амбиции се поголеми и вложувате многу труд да ги остварите. Партнерот ве следи во чекор. Моментално, големо значење му посветува на материјалното и во тој дел ќе бидете потполно усогласени.
ВОДОЛИЈА
Посветени сте на работата, но ви недостасува организација. Овој недостаток ви ја одзема енергијата и го губите увидот во финансиите и не можете да ги предвидите следните чекори. Доколку се занимавате со политика, можен е успех. Партнерот се обидува да ве следи, но не му успева. Време е да му покажете повеќе внимание и да престанете да се однесувате како да не постои. Слободните водолии секогаш се подготвени за авантура.
РИБИ
Вообичаено сте тивки и не покажувате голема амбиција. Но, во овој период ќе треба да покажете малку поголема агресивност и подготвеност за акција. Не е доволно само да бидете вредни. Ако мислите дека некој ќе ја забележи вашата работливост, многу се лажете. Денес ќе морате да им се спротивставите на колегите и да ја заслужите нивната почит. Престанете да му барате грешки на партнерот. Наместо тоа, свртете се кон себе и преиспитајте го своето однесување.
Слично
