Дневен хороскоп 08 08 2016 Понеделник
Овен
Неочекуваните деловни понуди се пред вас, па би било добро на некој начин да ја поправите психофизичката ситуација со цел да бидете подготвени на сите искушенија. На љубовен план може да дојде до заладување затоа што партнерот не ви обрнува премногу внимание, а тоа вас ве нервира.
Бик
Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските. Не се расправајте со партнерот за неважни нешта кои само ве одалечуваат. Обидете се да размислите и постапете совесно. Некои финансиски средства кои ги очекувате малку ќе доцнат.
Близнаци
Избегнувајте непознати ситуации кои внесуваат дополнителна нервоза или пореметување во основните соработнички односи. Со добра организација, поголемиот дел од обврските може да ги завршите во планираниот рок и на рутински начин. Доколку сте изненадени од реакцијата на партнерот, направете се што е потребно да ги смирите заедничките и зовриени страсти. Бидете коректни..
Рак
Емотивната состојба е нестабилна и ве принудува на непромислени потези. Нека не ве заплашуваат сегашните проблеми бидејќи во иднина доаѓаат уште посериозни. Ќе пронајдете разумно решение кога ќе се смирите и убаво ќе размислите. Некоја Вага очекува финансиска помош од вас.
Лав
Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро.
Девица
Завршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.
Слично
