Дневен хороскоп 07 12 2015 Понеделник
Овен
Условите на вашето работно место ќе се подобруваат во текот на следниот период. Меѓучовечките односи во секојдневието, почуваат да го будат вашиот интерес и љубопитство. Можеби ќе ве изненади неочекуваниот развој на контактите и пријателството со одреден колега од вашето работно опкружување.
Бик
Ќе бидете во позитивен тренд. Симпатиите на околината се на ваша страна што во моментот за вас е многу важно. Ве очекуваат пдредизивици во врска со вашата професија. Финансиската ситуација нема да ве вознемирува дури можни се и некои неочекувани добивки преку партнерот како и некој ситен подарок кој многу ќе ве израдува. Страста и љубомората ќе ви бидат нагласени, бидете внимателни.
Близнаци
Ќе бидете многу трпеливи истрајни (што е чудно). Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со обзир на тоа дека ги сакате парите. Можни се некои психосоматски проблеми поврзани со енормно конзумирање на храна, но и додатни вознемирувања внатре во семејството. Претерувате со емотивни изливи.
Рак
Целосно и мирно ќе пристапите кон решавање и реализација на плановите врзани за општествените науки. Ве очекува успешна работа доколку се занимавате со некоја уметност, особено ако е во прашање книжевност. Очекувајте и поголема заработувачка доколку ја завршите работата најдобро. Бидете внимателни во односот со партнерот, бидејќи лесно можете да ја прекинете врската. Здравствената состојба е добра.
Лав
Ќе зависите од помошта и реакциите на околината и ќе предизвикате внимание кај другите, но со мала несигурност. Соберете се, внимавајте и имајте доверба во себе. Во љубовта среќен ден исполнет со меѓусебно разбирање со партнерот, кое позитивно ќе ве исполни и ќе ве направи да се чуствувате пресреќно. Слободните претставници ќе имаат успех во додворувањата.
Девица
Пред вас се многу поволни работни активности ова особено се однесува за оние припадници на овој знак кои се занимаваат со пишување и креативни работи. Во љубовта чудно се однесувате, бидејќи живеете во некој свет на фантазии и идеали. Кога ќе видите дека личноста покрај вас е со повеќе мани одколку што сте претпоставувале, малку ќе бидете разочарани. Што побрзо, тоа подобро.
Вага
Градењето кули во облаци, многу често знае да се покаже како контрапродуктивно. А, особено ако се земе во предвид дека некои личности се потпираат на вас. Мислете го она што го зборувате и зборувајте го она што го мислите!
Скорпија
Чуствувате силна потреба за сензација и во однос на тоа правите се и сешто за да ја шокирате средината. Кога ќе ја постигните целта и со сите се искарате ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесуваат вашите жртви. Внимавајте многу бидејќи по брза постапка можете да бидете елиминрани од нивно друштво.
Стрелец
Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинаската љубов. Здраствената состојба е чуствителна и потребно е да внесете некаков режим на исхрана.
Јарец
Немојте да се чудите ако луѓето кои сте ги запознале во последно време почнат да ви покажуваат знаци на љубов и пријателство. Самите сте виновни што сте добро друштво и не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почнат и да ви се додворуваат. И едно на што најмногу треба да внимавате е тоа што не треба да се вообразувате
Водолија
Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите. Во љубовта ве очекуваат одредени потешкотии во односот со партнерот.
Риби
Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите. Можно е некое изненадување.
Слично
