Дневен хороскоп 07 04 2016 Четврток
Овен
Јасно ви е дека не можете да ги остварите своите намери, без нечие присуство или влијание. Во одлучувачки ситуации потребна ви е нечија асистенција и поддршка. Нема причина д ги преценувате своите можности. Делувате напнато и умеете често да го менувате своето расположение, покажете повеќе трпение пред барањата на патнерот. Нема причина да инсистирате со своите одлуки
Бик
Токму кога ќе помислите дека се сте средиле и дека работите ќе тргнат во поволен правец, ќе се појави некој проблем што ќе ви го расипе расположението. Ако работите со јавност или во медиуми, денес може да добиете критика од страна на конкуренцијата. Можеби партнерот повремено се однесува нервозно, но не мисли ништо лошо. Обидете се да ја спуштите топката и да не правите тензија. Овие денови е можен краток пат заедно со партнерот.
Близнаци
Премногу сте занесени со своите работни визии, поради тоа прифатете добар совет кој го добивате од блиски соработници. Нема потреба да се експонирате во непознато друштво, избегнувајте предизвици кои можат да ве оштетат. Ви недостасува промисленост и трпение на средбата со саканиот(ата). Понекогаш постапувате со премногу барања и неумоливо. Со претерување непотребно го иритирате нечие разбирање.
Рак
Денес ќе бидете нервозни. Највеќе од се ќе ве нервираат некои луѓе за кои мислите дека се мешаат секаде, а немаат причина за тоа. Колку и да се инаетите, нема да ги смените работите. Потребно е да побарате нов начин на соработка и да престанете да се нервирате. Ако сте слободни, се наоѓате под голем притисок. Семејството ќе се обиде да се замеша во вашиот избор и тоа ќе биде причина за расправија. Можеби е најдобро едноставно да ги игнорирате нивните коментари.
Лав
Работите на повеќе страни и веќе ве фаќа нервоза од средување на работи кои треба некој друг да ги среди. Ако имате сопствен бизнис, денес е можно да потпишете нов договор што ќе ви овозможи сигурна работа во следните неколку месеци. Финансиската ситуација ви е добра, но секогаш може да биде подобра. Во наредниот период се можни ненадејни добивки. Ако сте слободни, заборавете на бившата љубов и обрнете и внимание на личноста што ќе ја запознаете преку работа.
Девица
Доколку денес очекувате важна информација, не правете нервоза околу вас. Тоа што ви е ветено ќе го добиете и нема потреба од правење тензија. Чувствувате дека сте на крај на силите и не можете да се опуштите. Партнерските односи ви се под знак прашалник. Постојано го анализирате партнерот и барате грешки кои ги нема. Само е прашање на време кога тој ќе реагира на сите ваши провокации. Ако сте слободни, денес ќе уживате во комуникацијата со една личност која ја познавате преку социјалните мрежи.
Слично
