Дневен хороскоп 06 09 2016 Вторник
Овен
Ќе имате можност да ги импресионирате своите соговорници со некаков свој личен талент, но ситуацијата ќе биде двонасочна. Од една страна, може да се покаже како нешто привремено и наскоро да предизвика разочарување кај луѓето кои ве подржуваат. Од друга страна, оние што се против вас ќе се обидат на секој можен начин да ве нападнат.
Бик
Обидете се да ги завршите вашите важни обврски до ручек. Како што ќе минува денот така вашата енергија ќе опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно.
Близнаци
Денеска ќе размислувате како да заработите дополнителни пари за некои свои работи или амбиции. Веројатно се ќе биде во врска со вашата подобра половина или некој многу добар стар пријател. Пазаете кога ќе одите низ трговските центри бидејќи ќе бидете подложни на импулсивно купување за другите и себе.
Рак
Денеска ви чини дека е сончево само на другата страна од улицата, а вие не сте на таа страна. Не го држете лошото чувство во себе. Или осмелете се да одите таму каде е сметате дека е подобро или останете каде што сте и бидете задоволни со она што го имате. Клучот на вашето среќа се наоѓа во вас, без оглед каде сте и што правите.
Лав
Денеска можете да талкате во светот на фантазијата, магијата и волшебниците. Замислете се себе дека сте во центарот на случувањата во најубавиот фустан на тронот. Обрнете малку внимание на симболите и деталите кои можат да ве поврзат со вистинските работи во животот. Вашата фантазија сака нешто да ви каже.
Девица
Денеска забрзајте го темпото на работа, Дајте му место на креативното во вас и тоа ќе ве одведе до брзи и добри одлуки. Ако ви се чини дека нешто не е во ред, немојте да очајувате. Опуштетесе и препуштете и се на интуицијата. Ако не тргне само од себе, немојте залудно да си ја трошите енергијата. Побарајте помош.
Слично
