Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 02 12 2015 Вторник

Дневен хороскоп 02 12 2015 Вторник
Овен Потребно е повеќе да внимавате на вашиот семеен буџет. Развојот на околностите ќе ве натера да направите добра математика на својот џеб, иако не можете да бидете многу фер кон другите. Некои пороци и недостатоци ќе станат премногу воочливи. Можеби сте премногу критички настроени кон себе, или навистина треба да размислите за некои промени. Бик Обидете се да се дистанцирате од лице кое повторува погрешна приказна. Сè што правите со позитивна тенденција, остава добар впечаток на соработниците и ја потврдува вашата афирмативна улога во заеднички договор. Бидете доволно креативни, планирајте некоја нова или возбудлива забава за двајца. Направете повеќе од вообичаеното, за да оставите посебен впечаток и да ја освоите личноста која ви значи. Близнаци Положбата на месечината во моментов делува предизвикувачки на вашата ментална состојба, затоа во одредени ситуации реагирате по малку неконтролирано. Без оглед на новите деловни несогласувања, не обрнувајте внимание на разните коментари кои ќе ги слушнете. Немојте да дозволите вашиот партнер да се чувствува запоставено, изразете ја позитивната страна на својата личност. Употребете и некои свои скриени адути. Рак Вашиот емотивен капацитет доаѓа до целосен израз. Тоа можеби најсилно ќе го забележат партнерите и блиските пријатели, но во секој случај делувате нестварно во очите на другите. Внимавајте на вашата неограничена дарежливост, великодушност и пожртвуваност. Лав Избегнувајте претерано експонирање во друштво на соработниците и не зборувајте за работи кои претставуваат потенцијална опасност за вашите деловно-финансиски интереси. Впрочем, секогаш постои фактор на промени и изненадувања. Нема потреба наивно да ги проценувате можностите на партнерот или премногу да се занесувате со субјективни проценки. Девица Искуството ве предупредува дека не треба да верувате на човек кој има лоша репутација или за која вашите соработници зборуваат во негативен контекст. Одложете го новите финансиски пресметки или некој вид здружување под сомнителни околности. Имате впечаток дека љубовта и личното задоволство ви се промакнуваат. Добро размислете и не прифаќајте пасивна улога пред саканата личност. Вага Во текот на денешниот ден ќе биде есенцијално да го внесете отворениот ум во сите дискусии кои ќе се појават, затоа што не знаете во која насока ќе ве однесат. Можеби ќе учите нешто потполно ново и немате изграден став во однос на истото. Шкорпија Проверувајте ги сите информации кои доаѓаат до вас. Некој тенденциозно пласира погрешни информации, а на вас останува да не им придавате голема важност. Интуицијата ќе ви го олесни донесувањето на одлуките, па затоа слушајте го внатрешниот глас кога ќе се најдете во дилема. Стрелец Неопходно е да одложите некои деловни зделки. Повремено постојат работи кои бараат креативно размислување или фаза на инкубација. За сега имате повеќе прашања отколку задоволителни одговори, трпеливо почекајте за подобра деловна можност. Не можете да се ослободите од емотивниот впечаток за една личност. Често размислувате за работите кои ви се недостапни од сегашна перспектива. Јарец Се грижите да се направи правилна делба на деловните и материјалните интереси. Потребно е да превземете иницијатива, бидејќи повеќето од соработниците се залагаат за лични стандарди или услови кои најдобро ги познаваат. Нема причина да прикривате дел од приказната, која создава нова сомнеж или чувство на несигурност кај саканата личност. Соочување со вистината претставува и големо психолошко олеснување. Водолија Доколку ве привлекуваат некои таинствени или необични ситуации, мора да прифатите одреден степен на деловен ризик. Нема причина да ги преувеличувате вашите можности или да кршите основни правила на бизнисот.Ненадејна средба со една личност за вас претставува емотивен врв, но за жал таа возбуда поминува побргу отколку што би сакале. Понекогаш е пожелна и утешна опција. Риби Не успевате најдобро да предвидите нечиј одговор на дадена тема или да воспоставите добар однос во комуникација со соработниците. На време побарајте нечија морална или материјална поддршка. Саканаталичност ги игнорира вашите идеи и се обидува да ве наведе на своите планови. Ви изгледа како да не можете да се договорите за основни работи. Тоа е минлива фаза.
Слично

Поврзани вести