Дневен хороскоп 02 06 2016 Четврток
Овен
Нетрпеливоста и нервозата се зголемува и понатака во вас. Можеби и вам понекогаш ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас. Сепак, таа е поблиску одошто ви се чини, само што во моментов не се покажува. Ако сакате да успеете, ќе треба да преземате повеќе ризици од обично. За најдобри резултати, концентрирајте се на квалитетот, а не на квантитетот
Бик
Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.
Близнаци
Денес можеби ќе се бара од вас да се спротивставите на некоја група од луѓе или некаква форма на колектив. Многу вешто ќе се справувате со групните активности, затоа што инстинктивно ја разбирате нивнта структура на моќ. Многу добро сте свесни дека сите работи се поттикнати од личноста која се наоѓа на врвот од пирамидата. сите општествени структури функционираат на тој начин.
Рак
Некои работи е полесно да се кажат отколку да се направат, но вие трудете се да го остварите секое ветување што ќе го дадете. Клучот на успехот во работата денес се наоѓа во соработката и прифаќањето на по некој компромис. Проблеми може да се јават во вид на несоница, немир.
Лав
Ако некој избегнува да разговара за прашањето кое ви е важно, логично би било да запрашате дали можеби нешто не е во ред. Најверојатно ќе ве збуни реакцијата на одредена личност и ќе ве натера подлабоко да размислите околу целата ситуација.
Девица
Премногу размислувате за некои прашања и проблеми. Свесни сте дека треба да донесете некои важни одлуки или да повлечете смели акции во текот на следниот период. Имајте доверба во себе и смело чекорете напред!
Вага
Влеговте во период на неизвесност, па затоа чувствувате зголемена несигурност и страв. Ќе морате со ведрина да му пристапувате на животот и се ќе биде во ред. Важно е да не давате големи ветувања, па никој нема да може да ве обвини за неуспех. Правете ги работите најдобро што знаете и не се поставувајте во улога на жртва.
Скорпија
Извесни се решенија или погодности кога се во прашање парите, но не би требало да брзате со заклучоци. Ситуацијата е подложена на процесирање и бара будно следење на развојот на околностите. Избегнувајте импулсивни одлуки на финансиски план, а посебно ако тие се поврзани со ресурсите и имотот на другите.
Стрелец
Обидете се да не реагирате на провокациите наодредени личности. Нема да биде лесно, но на тој начин ќе успеете да го задржите доброто расположение. Избегнувајте ги ризичните потфати и влегување во поголеми трошоци. Не сте во состојба да донесувате објективни проценки, па подобро би било да внимавате.
Јарец
Во заеднички интерес е професионално – финансискиот ризик да се сведе на минимум и актуелните проблеми да се решаваат во најбрз можен рок. Коректно почитувајте ги сите договори. Обидете се правилно да ги процените околностите во кои се наоѓате. Можноста за импулсивни реакции е многу висока.
Водолија
Избегнувајте натпреварувања и докажувања од било каков вид. Таковиот пристап обично дава сигнал на несигурност и нестабилност. Не дозволувајте околностите со вашите соработници или надредени да ви ја поткопаат самодовербата.
Риби
Поставувате високи барања пред членовите на вашето семејство и можете да го почувствувате нивното незадоволство. Не можете секогаш да ја форсирате својата волја, а посебно ако живеете во поголемо семејство. Ако не покажете толеранција и еластичност, лесно би можеле да влезете во конфликт со некого.
Слично
