Дневен хороскоп 02 05 2016 Понеделник
Овен
Изразени се желбите за заработка и уживање во материјални богатства. Настојувате да ја прикриете вашата амбиција, бидејќи може да нагазите на мина. Не брзајте никаде, туку застанете и погледнете околу себе. Ќе одиграте многу важна улога во решавањето на некој проблем во вашето семејство.
Бик
Некој од вашата околина ќе ве посоветува да направите некакoв чекор напред кој има можност да ви донесе големи промени. Охрабрете се и послушајте го советот. Во овој период покрај новите проекти во кои ќе се вклучите ќе се запознаете и со нови лица кои во иднина ќе бидат вашата потпора.
Близнаци
Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате. Моменталната состојба не ви е многу сјајна, но за тоа сте виновни единствено вие, во иднина пред да ги одложувате работите, размислете за последиците.
Рак
Некој обврзувачки финансиски договор ви создава проблеми. Обидете се да го промените тоа. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи. Ви недостасува време за пријателите, најдете малку слободно време и излезете со нив.
Лав
Утрото може да ви биде бурно, особено ако ја барате правдата и сакате на секој да му кажете во лице се што мислите. Една Водолија или некој друг Овен поради тоа нема да се лутат, но некој Јарец, Шкорпија, Бик или Вага можат да бидат преосетливи и погрешно да го сфатат вашиот коментар.
Девица
Препуштете му ги проблемите на времето, оставете ги идеите за некои поповолни денови, исклучете се и уживајте. Искористете го денот за лицата кои на вас ви се драги, пронајдете доволно време за себе и приватните обврски. Нека не ве загрижува неповолниот период, тој брзо ќе помине.
Слично
