Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 01 12 2015 Вторник

Дневен хороскоп 01 12 2015 Вторник

Овен Старите пријатели се враќаат во вашиот живот и ве прават среќни и задоволни. Некои од вас нема ни да се сеќаваат на причините кои ја предизвикале дистанцата. Ќе бидете позитивно растреперени и ќе имате појасна визија за себе и за другите. Искажете ги вашите емоции и пружете ја вашата љубов. Бик Денес сте дарежливо расположени, а слично како и вие и вашата околина ќе биде дарежлива кон вас. Ако имате средби со вашите пријатели, можеби ќе се изненадите од нивните инфериорни реакции. Животот е прекраток да се занимавате со тоа. Уживајте во вашата љубов и вашата среќа. Близнаци Како резултат на иделизмот, ќе бидете мотивирани подобро да се разберете себе си и личностите од примарна важност во вашиот живот. Вашите потреби и желби ќе бидат силно стимулирани, па тоа би можело да ве направи премногу рецептивни и ранливи. Посвете се на партнерот и овозможете слободен проток на емоциите. Рак Нешто ја ограничува вашата ментална широчина. Плановите за кратки патувања или одредени дискусии со другите, би можеле да бидат блокирани. Зголемување на одговорностите на вашето работно место, ќе ве ограничи во комуникацијата со другите. Денешниот ден е прилично турбулентен, затоа зголемете ја вашата будност. Лав На моменти работите ќе изгледаат како да сакате самите да ги комплицирате. Незадоволството ќе ве натера да креирате ситуации и да ги вртите околностите во своја корист. Можеби тоа е најдоброто решение во моментов, но ќе морате будно да го следите развојот на ситуацијата. Девица Денес се очекуваат промени во дневниот распоред. Иако работните околности ќе бидат турбулентни, мала е веројатноста дека ќе бидете засегнати од нив. Нема да бидете многу отворени за комуникација и ќе бидете целосно посветени на вашите мисли и емоции. Вага Денес имате можност да ги завршите практичните работи и ситните детали, затоа што имате остар ум. За некои дискутабилни и проблематични прашања би требало да разговарате со некоја поискусна или повозрасна личност. Скорпија Денот што е пред вас би можеле да го искористите за решавање на некои внатрешни емоционални и ментални проблеми . Ќе имате подобар увид во сопствените мотиви, а тоа ќе резултира со зголемена свесност и можност за промена на некои мисловни модели. Стрелец Имате погрешна проценка за некој од вашите соработници и го пролонгирате решавањето на заедничкиот проблем. Немојте да го предизвикувате вниманието на себе ако претходно немате обезбедено некаква поддршка. Во големиот занес на вашата емотивна желба, можеби премногу брзате. Почувствувајте ги емоциите на другата страна. Тоа ќе ви донесе поголема јаснотија. Јарец Ако планирате да купувате или продавате недвижнини, одложете го тоа за неколку дена. Немојте да се поставувате над другите членови во семејството и немојте да делегирате. Наместо тоа, настојувајте да внесете рамноправност во односот. Водолија Ќе пронаоѓате нови начини да се справите со некои прашања кои се поврзани со партнерите и примарните односи. Вашиот ум ќе биде луциден во разглобувањето на комплексните и замрсени ситуации, а од друга страна ќе бидете вешти во извршувањето на обврските. Риби Денес вибрирате од креативна енергија и сте желни за забава и движење. Како резултат на зголемената свесност, некои проблеми од минатото ќе дојдат до точка на разрешување. Ќе имате јасна слика за некои случки од минатото.
Слично

Поврзани вести