Дневен хороскоп 01 03 2016 Вторник
Овен
Ќе се занимавате со напорни и досадни работи, решавање на некои порези, заостанати сметки долгови и др. Ве советуваме да побарате интерес врзан за странски јазици, уметност или некоја хуманитарна работа. Негувајте го хобито кое ве исполнува и патувајте со духот ако не можете со телото. Ве очекуваат контакти со странство. Ако имате проблеми со срцето и крвниот притисок обрнете поголемо внимание.
Бик
Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Обидете се да ги чувате емоциите подалеку од вашите разговори. Останете смирени и објективни ако не сакате да создадете напнатост.
Близнаци
Преморени сте и потребен ви е мир, но Вие како да не посакувате тоа да го направите, поради тоа што морате да го промените планот. Подготвени сте да одите преку своите можности и размислувате како да се изборите со конкуренцијата, без разлика за што станува збор и со која работа се занимавате. Добро се чувствувате во друштво на Лав.
Слично
