Дневен хорокоп 23 12 2015 Среда
ОВЕН
Денес ќе ве совладаат емоциите и нема да имате сила да се борите со предизвиците што се пред вас. На работното место работите се одвиваат во тајност и вие стравувате од она што следи. Најдобро е да се повлечете подалеку од очите на претпоставените за да не ги иритирате со некои свои идеи. Ако сте сами, денес ќе разработувате стратегија како да и пријдете на личноста што ви се допаѓа. Наместо да се затворате во себе и да мечтаете, почнете да делувате.
БИК
Време е да почнете да делувате наместо да стоите на страна и работите да поминуваат покрај вас. Потребно е само да ја искористите поддршката од претпоставените и да ги свртите работите во своја корист. Ако сте невработени, денес е можно да слушнете глас или преку телефон да добиете информација во врска со вработувањето. Уживајте во убавите работи околу вас и не дозволувајте да запаѓате во криза поради некој што не го заслужува вашето внимание. Премногу емоции трошите на погрешна личност.
БЛИЗНАЦИ
Денес е можно да добиете позитивен одговор на едно ваше барање. Тоа на момент ќе ве израдува, но веќе сте презаситени од се и имате потреба од промени. На работното место повеќе мечтаете отколку што работите. Внимавајте на грешките што можат да настанат како последица на вашата невнимателност. Ако планирате семејно патување во странство, започнете ги подготовките. Времето брзо лета. Ако сте сами, обрнете внимание на една личност која упорно ви се додворува преку социјалните мрежи.
РАК
Денес бидете внимателни како комуницирате со колегите. Може да се случи да дојде до недоразбирање кое ќе се продлабочи доколку не попуштите. Колку и да сте убедени дека сте во право, сепак не сте. Недоразбирања ќе ве следат и во семејството и затоа е најдобро да се повлечете и да не си правите поголеми проблеми од оние што веќе ги имате. Ако сте сами, денес би можел да ви се допадне некој кој воопшто не е ваш тип. Не избрзувајте затоа што веќе утре ќе се премислите.
ЛАВ
Доколку сте подготвени на компромис, денес е можен договор кој ќе ви донесе дополнителни приходи. Ако сте невработени, денес е можен разговор за работа. Обидете се да го смените однесувањето и да не бидете толку крути. Понекогаш е подобро да го спуштите гардот за да не дојдете во ситуација да изгубите. На емотивен план трчате на повеќе страни и како никој да не е достоен да му го дадете своето внимание. Повеќе сте заинтересирани каков впечаток ќе оставите вие на другите, отколку тие на вас.
ДЕВИЦА
Доколку сакате да напредувате, денес ќе треба да се покажете пред претпоставените. Вие ревносно ги завршувате задачите, но си давате повеќе слобода од она што е дозволено. Не опуштајте се и бидете свесни дека во тајност ве посматраат. Можно е унапредување, а тоа треба да се заслужи. Партнерот е емотивно нестабилен и тоа ве вади од кожа. Колку и да се трудите да го вразумите, нема да ви успее. За жал, вие ќе морате да ги преземете сите семејни работи на себе.
ВАГА
Денес ќе имате добро претчувство и доволно енергија за да го остварите она што го сакате. Не им дозволувајте на колегите да ја искористат вашата емотивност и да ги преземат вашите заслуги. Ако имате сопствен бизнис, денес ќе донесете една важна одлука, но нема веднаш да ја обзнаните. Се обидувате да внесете малку ведрина во партнерските односи, но тоа тешко ви успева. Партнерот воопшто не ги забележува вашите напори.
СКОРПИЈА
Имавте многу надежи дека работите ќе тргнат во поволен правец и вложувавте многу енергија да си ги решите проблемите. Но, денес ќе сфатите дека не можете да добиете се што ќе сакате и ќе се повлечете. Размислете добро за следните потези и тргнете во напад. Денес ќе бидете многу емотивни и доколку сте сами повторно ќе се вратите на старите спомени. Личноста за која размислувате веќе има свој живот и не вреди да си го трошите времето на неа.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе бидете задоволни од она што сте го сработиле во претходниот период. Успешно ќе завршите една работа која ќе ви донесе финансиска корист. Можно е во текот на денот да добиете финансиски прилив. Обидете се да се опуштите и да не се грижите за нешто што се уште не се случило. Ако сте сами, обземени сте со една комуникација преку социјалните мрежи и полни сте со очекувања. Денес е можна средба која можеби ќе ги разбие вашите илузии.
ЈАРЕЦ
Денес ќе се обидете да ги убедите претпоставените дека имате добар предлог и дека доколку не се постапи на ваш начин, работата ќе пропадне. Не мешајте се таму каде што не ви е место. Оставете секој да си ја врши својата работа и престанете да се лутите ако се постапи поинаку од она што вам ви одговара. Ако сте слободни и веќе подолго време комуницирате со една личност, денес ќе откриете нешто што нема да ви се допадне. Малку спуштете ги критериумите и се ќе биде во ред.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе се однесувате таинствено и нема да им дозволите на колегите да дознаат што размислувате. Имате големи планови, но ви треба поддршка. Тоа особено се однесува на финансискиот дел и денес ќе се потрудите да ја добиете. Оставете ги емоциите на страна и направете рационален договор. Една жена од вашето семејство има здравствен проблем и очекува помош од вас. Ако сте сами, денес може да се заинтересирате за една личност која се однесува таинствено.
РИБИ
Се наоѓате пред нов предизвик. Вашата идеја делува добро, но не им се допаѓа на колегите и предизвикува негативни коментари. Денес ќе бидете особено осетливи и ранливи и ќе придавате големо значење на се што се случува околу вас. Средбата со една личност повеќе ќе личи на игра отколку на покажување на емоции. Од една страна сакате да си ја задржите слободата, од друга свесни сте дека емоциите ве совладуваат. Многу сте напнати.
Слично
