Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДНЕТ: Не го прифаќаме овој обид за воен удар, даваме поддршка на Ердоган

ДНЕТ: Не го прифаќаме овој обид за воен удар, даваме поддршка на Ердоган

Од Движењето за национално единство на Турците  велат дека како критична маса и совест на Турците во Македонија, длабоко се загрижени во врска со ново настанатата состојба во Република Турција.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека ниту во еден случај не го прифаќаме овој обид за воен удар и даваме целосна поддршка на претседателот на Р.Турција,  Реџеп Таип Ердоган, на владата на Р.Турција и на турскиот народ. Остро ги осудуваме обидите за дестабилизација и деструкција на турската држава. Никој не може да биде против на волјата на народот. Во што поскоро време виновниците треба да се предадат на рацете на правдата во Турција. Убедени сме дека Р.Турција во најскоро време ќе ја преброди оваа состојба и ќе работи на јакнење на демократските капацитети и владеење на правото и правната држава“ - велат од ДНЕТ.

Уште еднаш ја изразуваме нашата силна поддршка кон нашата пријателска и братска земја Р.Турција и кон братскиот турски народ, додаваат од партијата.

Слично

Поврзани вести