Дмитриев предупредува: Светот се движи кон најголема енергетска криза, Европа ја игнорира опасноста
Светот се приближува кон најголема енергетска криза во историјата, предупреди Кирил Дмитриев, специјален претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странство и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции.
- „Светот несвесно се движи кон најголемата енергетска криза во историјата“ – напиша Дмитриев на социјалните мрежи.
Според него, влошувањето на состојбата на глобалниот енергетски пазар е директно поврзано со конфликтот на Блискиот Исток, вклучително и нападите врз Иран, како и со тензиите околу поморскиот сообраќај во Ормускиот теснец.
Дмитриев ја критикуваше Европската Унија и Велика Британија, оценувајќи дека нивните институции не ја согледуваат сериозноста на ситуацијата.
- „Европските бирократи ја игнорираат најголемата енергетска криза во историјата. Можеби ова конечно ќе ги разбуди, бидејќи во спротивно ќе се соочат со сериозни последици“ – посочи тој.
Во контекст на кризата, меѓународните организации веќе предупредуваат на можни нарушувања во снабдувањето со енергенси. Генералниот директор на Меѓународната агенција за енергија (IEA), Фатих Бирол, претходно алармираше за потенцијален недостиг на дизел и авионско гориво во Европа.
Дополнително, првиот човек на Меѓународното здружение за воздушен транспорт (IATA), Вилијам Волш, изјави дека поради недостиг на авионско гориво, можно е да дојде до откажување на летови во Европа уште до крајот на мај, слично како што веќе се случува во делови од Азија.
Експертите предупредуваат дека доколку тензиите продолжат, последиците би можеле да се почувствуваат глобално – преку раст на цените на енергенсите, нарушени синџири на снабдување и дополнителен притисок врз економиите.
Новости.рс