Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДМ на првото место, видете кои се десетте најпосакувани работодавачи во Хрватска!

ДМ на првото место, видете кои се десетте најпосакувани работодавачи во Хрватска!
Малопроджниот ланец ДМ четврта година по ред е избран за најпосакувано место за работа во Хрватска, покажа годишната анкета на порталот „MojPosao“ спроведена во декември на повеќе од 1700 испитаници. Во анкетата ДМ доби  15,1 отсто од вкупните бодови, што претставува зголемување од 1,7 процентни поени во или на резултатите од претходните истражувања. На второ место со 3,1 отсто од вкупите бодови како најпосакуван работодавач се најде Ина, додека огромен скок направи Плива, кој од 10 место минатата година, сега ја зазема третата позиција со 2,5 процентни поени. Во Топ 10 компании на листата се наоѓаат и ХТ, Агрокор, Атлантик Група, ИКЕА, Милер и Загребачка банка. Најатрактивна компанија за работа и за двата пола е ДМ и тоа без оглед на нивните образовни квалификации и на возраста. Анкетата покажа дека најважниот фактор во атрактивноста на работодавачот е сигурноста на работното место што на испитаниците им е поважно од платата. Речиси две третини од испитаниците (61 отсто) често размислуваат за промена на работодавачот. Една четвртина од испитаниците одвреме навреме размислуваат за менување на работата, додека 13 проценти воопшто не размислуваат за менување на компанијата каде што работат, покажала анкетата.
Слично

Поврзани вести