ДКСК ЛАНИ БАРАЛА ДА СЕ РАЗРЕШАТ ОДГОВОРНИ ЛИЦА ВО ВЛАДАТА ПОРАДИ СУДИР НА ИНТЕРЕСИ, НО ТАА НЕ ПОСТАПИЛА - нивниот мандат завршил, а тие не биле избрани повторно
Владата не постапила по одредени барања од антикорупционерите лани минатата година да се разрешат одредени службени лица за судир на интереси, се вели во дел од Извештајот за минатата година на Државната комисија за спречување на корупцијата. Нивниот мандат потоа завршил, и тие не биле избрани повторно на функциите.
Дури 599 пријави за корупција кај јавните служби и службеници минатата година стгнале до Државната комисија за спречување на корупцијата, говори извештајот за работењето на антикорупционерите за 2021 година.
Тоа е 67 проценти од вкупно поднесените пријави лани до Антикорупциската комисја.
За судир на интереси имало 106 пријави, додека, пак, оние за имотна состојба на избраните и именуваните лица бил 45. За финансирање на изборни кампањи имало 54 пријави.
Во врска со овие пријави, ДКСК донела 675 одлуки од својата надлежност, од кои 390 се однесуваат токму на корупцијата.
На судир на интереси отпаѓаат 152 одлуки, додека 92 одлуки се однесуваат на имотна состојба. Во врска со финансирање на изборни кампањи, пак, антикорупционерите донеле 41 одлука.
Според членот 17 од Законот за спречување на корупцијата, ДКСК има надлежности да покренува иницијатива пред надлежните органи за поведување постапка за утврдување на одговорност на службени лица, како и да покренува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во предметите по кои постапува.
Лани ДКСК до Основното јавно обвинителство доставила осум иницијативи, од кои седум за корупција, и една за судир на интереси. Од нив, обвинителството постапило по три иницијативи за корупција, а додека не постапило по едната иницијатива за судир на интереси, како и по една иницијатива за корупција.
„По неколку иницијативи доставени до ОЈО и Влада, иако не се преземени соодветни мерки, сепак, состојбите се надминати поради други околности. Имено, поради смрт на службено лице, ОЈО ја запре истрагата произлезена од иницијатива на ДКСК. За утврдените состојби на судир на интереси по кои ДКСК достави иницијативи за разрешување на одговорните лица, Владата не презема конкретни мерки, но состојбите се надминати бидејќи во меѓувреме нивниот мандат заврши, а лицата не беа избрани повторно“, се вели во извештајот.
На ДКСК лани и помогнал и фактот што сите институции од јавниот сектор, но и одговорните лица во нив, мора да и ги достават сите информации што тие ги бараат ако се сомневаат за одредени службени лица, односно глобите се од 200 до 400 евра.
Лани антикорупционерите по сопствена иницијатива оформиле 16 предмети, а по пријави од граѓани 583, или вкупно 599.
Но, предмети по кои се преземени конкретни мерки се 12 на број. Поради ненадлежност за постапување или немање доволно елементи за постапување се отфрлени 162 пријави, а 6 пријави се доставени на други орган на надлежност за постапување.
Постапката е запрена за 222 предмети, бидејќи наводите не се потврдени.
До ОЈО се поднесени седум иницијативи и по сите нив обвинителството во моментов постапува.
„Коруптивните состојби исто како и претходните години се препознаени во постапките за вработувања во јавниот сектор, во областа на урбанизмот и просторното планирање: изградба на објекти според ДУП-ови кои не се усогласени со ГУП, неспроведување на мерки за рушење на нелегално изградени објекти, непостоење на критериуми при распределба на одредени буџетски средства, кко и располагање со државен имот“, се вели во извештајот.
Н.Н.Ф.