Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дизелот поскапува од полноќ

Дизелот поскапува од полноќ

Како што објави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), дизелот поскапува од полноќ. 

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цените на останатите горива остануваат исти. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе продолжи да се продава за 82, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 81 денар за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,044 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 56,207 денари.

Како причина за новите малопродажни цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во просек за 1,322 отсто кај бензините и за 3,21 отсто кај дизелот, како и за  0,016 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Слично

Поврзани вести