Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дизелот од полноќ ќе биде поскап за 2 денари

Дизелот од полноќ ќе биде поскап за 2 денари

Од полноќ поскапува дизелот. 

Неговата цена од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 денари за литар, а на бензините останува иста, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 111.5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 109,5 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно ќе се продава за 105,0 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 56,3 денари.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,488%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести