ДИЗЕЛОТ И МАЗУТОТ ПОЕФТИНУВААТ: Цените на бензините остануваат исто
Од вечерва на
полноќ, според одлкуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни
услуги (РКЕ), се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 1,03%, при што намалување има кај Еуродизелот, екстра лесното
масло за домаќинство и мазутот, додека цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер
БС-98остануваат исти.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари/литар и сега ќе изнесува 66,50 денари/литар. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар и сега ќе чини 66 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,607 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.
