Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дизелот и бензините од полноќ ќе се точат по нови цени

Дизелот и бензините од полноќ ќе се точат по нови цени

Регулаторната комисија денеска ги корeгираше цените на нафтените деривати.

Имено, ова тело одлучи дизелот од полноќ да се точи по намалена цена, додека пак бензините остануваат со иста непромената цена.

Дизелот поевтини само еден денар, реши Комисијата за енергетика на земјава.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит. Од полноќ цената ената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.

Цената на мазутот исто така бележи пад .

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,150 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,763 ден/кг
Слично

Поврзани вести