Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИЗ: Откупот на тутунот тече без неправилности – откупена една третина од ланскиот род

ДИЗ: Откупот на тутунот тече без неправилности – откупена една третина од ланскиот род
Со просечна цена од 120 денари по килограм девет компании на 129 откупни места во државава од почетокот на откупот на тутунот од ланската реколта од предвидените на 24 илјади тони тутун до сега откупиле девет илјади тони. Од Државниот инспекторат за земјоделство задоволни, велат дека по денешната обиколка, утврдено било дека на откупните пунктови нема неправилности и проблеми при откупот на тутунот и процесот тече непрекинато и во најдобар ред. „Откупот се одвива доста мирно, во рамките на Законот и проценката се врши согласно мерилата. Досега, во Република Македонија од договорените количини откупени се 36 проценти за само 22 работни дена. За останатите 43 работни дена до петнаесетти март, треба да се откупи остатокот. Сметаме дека имаме доволно простор и доволно време, да се откупи целокупниот договорен род“, истакнува Румен Стојменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство. И тутунарите што денеска го предадоа тутунот задоволни од проценките. Државните инспектори велат дека сите откупни компании го имаат неопходниот буџет за исплата на тутунот, а три од нив  веќе ги исплатиле првите количества. Во меѓу време, Министерството за земјоделство го евидентира вишокот за да се откупи веднаш по договорените количества. Од таму смируваат – пари има и најверојатно ќе ги преземат и овие количини од минатогодишната реколта.  
Слично

Поврзани вести