Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДИВО НАСЕЉЕ“- Во тек е петтото рочиште-врие од полициски сили !

„ДИВО НАСЕЉЕ“- Во тек е петтото рочиште-врие од полициски сили !

Денеска претпладне во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на обвинетите во процесот „Диво Насеље“.

Денеска се одржува петтото рочиште а претходното беше откажано поради напуштањето на судењето на адвокатите на одбраната.

Судот и денес е под силно полициско обезбедување.

Со цел да се обезбеди фер и транспарентно судење адвокатите тогаш побараа сите роднини на обвинетите и новинарите да бидат во иста просторија и обвинија дека нема услови за судење .

Насер Рауфи кој ги застапува осуммината обвинети пред судот образложи дека салата е премала и сите роднини кои дошле пред судот не можат да го следат судењето, но дека судот е должен да обезбеди услови за непречено одвивање на сослушувањето и побара денешното рочиште да се одложи.

Од судот не прифатија да се одложува судењето при што предупредија дека адвокатите ќе бидат парично казнети поради непочитување на Судскиот совет и дека ќе треба да го платат рочиштето.

Милионски трошоци за едно рочиште на „Диво насеље”

Трошоците за спровод на обвинетите, за ангажирањето на обичната и на специјалната полиција и за останатите ангажмани за текот на судскиот процес на случајот „Диво насеље” достигнуваат до 40 илјади евра или 2 452 000 денари.

Толку изнесува казната за тројцата бранители кои денеска во знак на револт го напуштија судењето за случајот, во кој на 29 лица им се суди за тероризам и терористичка организација.

 На 29-темина обвинети им се суди за напади врз полициската станица во Гошинце и во кумановската Дива населба, кога загинаа осуммина полицајци, а околу 40 беа повредени.

Слично

Поврзани вести