Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДИВО НАСЕЉЕ“-Адвокатите бесни го напуштија судењето оти беше затворено за јавност и роднини

„ДИВО НАСЕЉЕ“-Адвокатите бесни го напуштија судењето оти беше затворено за јавност и роднини

Денешното судење на обвинетите терористи од кумановските мајски инциденти е одложено.

Судскиот процес и денеска се одвиваше без присуство на роднините и беше затворено за медиумски екипи.

Новинарите кои неколку часа седеа пред судот беа избркани од настанот.

Со цел да се обезбеди фер и транспарентно судење адвокатите бараа сите роднини на обвинетите и новинарите да бидат во иста просторија и обвинија дека нема услови за судење .

Насер Рауфи кој ги застапува осуммината обвинети пред судот образложи дека салата е премала и сите роднини кои дошле пред судот не можат да го следат судењето, но дека судот е должен да обезбеди услови за непречено одвивање на сослушувањето и побара денешното рочиште да се одложи.

Од судот не прифатија да се одложува денешното судење при што предупредија дека адвокатите ќе бидат парично казнети поради непочитување на Судскиот совет и дека ќе треба да го платат денешното рочиште.

Изреволтиран, Рауфи ја напушти судницата и побара пред наредното сослушување на сведоци судот прво да обезбеди услови. Неговиот чекор го следеа и останатите адвокати.

Околу 40 до 60 000 евра дневно се проценките за рочиште со висок степен на безбедност

Судот беше цел ден под силно полициско обезбедување.
Слично

Поврзани вести