Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИВИДЕНДИ VS КАМАТИ: Штедачите, од банка се селат на берза?

ДИВИДЕНДИ VS КАМАТИ: Штедачите, од банка се селат на берза?
Факом, Осигурување Македонија, БИМ, Бетон и Тетекс ја сочинуваат најприносната петорка на берзата која може да се пофали со дивиденди чиј нето принос е над 10 отсто по акција. На листата што ја изготви Фактор уште се и Славеј, Усје, НЛБ, ОКТА, Скопски Пазар и уште дваесетина други компании, а се разбира на листата се и гигантите Комерцијална и Алкалоид. Минчо Јорданов одврза ќесе: „Бетон“ и „Факом“ со најголеми дивиденди по акција! Годинава приносите покажуваат високи коефициенти, Како што веќе објавивме досега 23 акции се дивидендни што е една петина од котираните акции на нашата берза. Што е уште позначајно Годинава приносите се поголеми од каматите на заштедите кои во најдобар случај не можат да стигнат ниту до 6 отсто на годишно ниво. Што е поисплатливо да се вложува во акции или парите да се чуваат во банка? Се разбира нема едноставен одговор на ова прашање, но вреди да се размисли? dividendi
Слично

Поврзани вести