Диви таксисти си направија бизнис со мигрантите
Такститите го искористија моментот на бегалската криза и си прават бизнис.
Едно такси возило од Гевгелија до Табановце чини 100 евра, пишува МКД.
Па еден такстист ако во денот направи на пример 3 тури, заработува дневница од 300 евра. Тоа значи дека за еден месец тој може да заработи од 6 до 9 илјади евра.
На железничките станици има реки од мигранти, од кои само дел успеваат да се качат во возот. Останатите бараат друга алтернатива.
Овој момент го користат и автобуските компании. Руле турс и Хисар турс, кои имаат најголем број на автобуси, тука се секојдневно, јавува порталот.
Во некои денови од Гевгелија тргнуваат и по 100 автобуси, а борбата за седиште плус е секојдневна. Еден билет до Табановце мигрантите го плаќаат по 20 евра. Тоа значи дека еден авттобус од една тура заработува по 1000 евра.
Поради овој нов тренд локалната полиција почна да забранува присуство на автобуси и таксисти од други градови.
Слично
