Дива свиња настрада среде Белград
Дива свиња беше пронајдена мртва денеска во центарот на Белград, откако скокнала преку оградата од шестато ниво на катна гаража.
Дивото шумско животно влегла во гаража „Обилиќев венец“, а дежурните работници велат дека додека се обидувале да ја истераат таа бегала избезумена нагоре на се повисоки нивоа и на крај несреќно паднала.
Социјалните мрежи во Белград вријат од снимки од диви свињи низ населбите Калемегдан и Нов Белград и Земун, откако поради зголемувањето на нивото на водата на Дунав тие решиле да препливуват од другата страна.
Ловните друштва, шумските претпријатија и полицијата веќе се известени.
Слично
