ДИСКОНТНИОТ СИНЏИР „МЕРЕ“ ИЛИ ПОЗНАТ КАКО РУСКИ „ЛИДЛ“ - отвори фирма во Македонија и бара работници
Рускиот дисконтен синџир маркети „Мере“, или како што на Запад го нарекуваат „рускиот Лидл“ отворила фирма во земјава и бара вработени за повеќе градови низ цела држава, објави порталот Велес 365.
Порталот Инсторе пишува дека според податоците од Цeнтрален регистар, „Мере“ влегува преку фирмата „Русторг ДОО“ - Прилеп, основана пред околу две недели (на 16.06.2021) со адреса булевар „Гоце Делчев“ бр.84, Прилеп. Како претежна дејност е наведена „трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун“. Основана е со влог од 200.000 евра. Сопственици се Валериј Генадијевиќ Јаковлев, Евгениј Генадијевич Пшеницин, Сергеј Иванович Шнајдер и Андреј Иванович Шнајдер, сите со адреса во сибирскиот град Краснојарск. Управител е Евгениј Петрович Боклач.
Компанијата веќе објави огласи за вработување во кои бара менаџери за развој во Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Струмица, Гостивар, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Прилеп, Битола и Кавадарци, менаџер за набавки, систем администратор…
Овој руски синџир супермаркети, како што пишуа порталот, во британските медиуми го опишуваат како „руски Лидл“, поради тоа што работи со цени дури за 30 проценти пониски од најповолните маркети во Велика Британија, како што се „Алди“ и „Лидл“. Има 3.200 продавници ширум светот.
Во нашиот регион присутен е и во Србија од декември лани, и таму планира да отвори вкупно 100 продавници.
Извор и фото: Велес 365 и Инсторе
