Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорските смени – предизборен бран во ВМРО ДПМНЕ

Директорските смени – предизборен бран во ВМРО ДПМНЕ
Владеачката ВМРО ДПМНЕ непсредно пред локалните избори (24 март) стартуваше со смени во вториот и третиот владин ешалон, а разрешувања и ротации се случуваат и кај неколку директори, кадар на партијата на власт.  Ништо посебно, нема никаква тактика коментираат аналитичари блиски до Владата. ВМРО ДПМНЕ исто како и со претходниот бран на освежувања на кадри, такак и овој пат прави само неколку ротации и смени на функционери чиј манадат е истечен од поодамна. За други пак аналитичари, овие смени не се ништо друго освен маркетиншки трик, сега преизборно дека нешто се случува во партијата, а впрочем се е само форма. Нов бран – ништо повеќе „Ова му доаѓа како нов бран, кој се очекува  да даде нова енергија, нови луѓе, нема ништо спектакуларно и не гледам зашто сега треба да се прави толкава фама околу овие разрешувања“, коментираат аналитичира блиски до власта. Всушност си заминуваат и се разрешуваат луѓе чии мандати се веќе оддамна поминати, и нормално е низ една владина процедура, а потоа и собраниска да се изберат нови кадри. Еден дел од нив, од она што се гледа ќе бидат ротирани на други функционерски места. Новиот бран е пропаганда За аналитичарите блсики до опозицијата целта и на овој нов бран разрешувања е чиста пропаганда. Промените внатре во институциите не се прават во зависност од тоа колку е некој успешен, туку напротив главниот критериум е послушност. Токму затоа и сега предизборно се прави фама дека ВМРО ДПМНЕ е демократска партија, дека се освежува, а всушност нема ништо од тоа. Владата веројатно уште денес на седница ќе разрешува и именува Од Владата потврдуваат за смените и ротациите на функционери. Владиниот портпарил Александар Георгиев вели дека во соодветна владина процедура се разгледуваат повеќе кадровски прашања. „Финална одлука нема, но се очекува на некоја од следните седници, можеби уште денес“, вели владиниот портпарол Георгиев,. Функционерите на ВМРО ДПМНЕ синоќа кај Груевски Во Владата синоќа на средба кај премиерот Никола Груевски меѓудругите биле и голем дел од директорите кои ќе бидат сменети и ротирани од директорските фотелји. Освен дека се разговарало за тековни економски активности други детали не се соопштуваат, иако е извесно дека тема на разговорите биле и претстојните локлани избори. Кој се беше разрешен и назначен вчера Како што веќе објавивме вчера се навестија серија смени во вториот и третиот ешалон на Владата, но и директорски разрешувања и роатции на кадри од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Во Собранието вчера на пленарна седница Христијан Делев беше именуван за заменик министер за економија, на местото на Катерина Веловска, која од лични причини поднесе оставка на функцијата. Првиот човек на градежниот инспекторат Сашо Дуковски е разрешен од функцијата. Се очекува на негово место да дојде Марина Наќева Кавракова, чиј мандат во Комисијата за хартии од вредност каде беше претседателка е истечен уште од септември. Како в.д претседател на Комисијата засега е Александар Петрески. Сепак, прв човек на Комисијата за хартии од вредност ќе биде Елизабета Чингаровска, актуелна директорка на државниот пазарен инспекторат. Во серијата оставки е и таа на Петар Есмеров, кој веќе не е државен секретар во министерството за одбрана. На негово место според непотврдени информации доаѓа поранешниот државен секретар во Министерството за локална самоуправа Сашо Стефановски. И.М.
Слично

Поврзани вести