Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови директорски смени во енергетскиот сектор

Нови директорски смени во енергетскиот сектор
Сменет е директорот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечевски. Гечевски беше директор на Агенцијата четири години, а потоа уште седум месеци се водеше како в.д директор. Сега на местото на Лазар Гечевски е поставен извесен Александар Дукоски, кој доаѓа од Агенцијата. Редакцијата на Фактор, иако се обиде сепак во текот на денот не успеа да стапи во контакт со новоименуваниот директор Дукоски.Според сознанијата, Дукоски веќе бил дел од Агенцијата. Според информациите на Фактор, официјалното образложение за смените во Агенцијата за енергетика е дека мандатот на Лазар Гечевски е истечен. Сепак, смената на Гечевски се случува во исто време кога се случуваат и директорските смени во државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО, а разрешувањата од директорските фотељи, (иако најголемиот дел од нив имаат истечен мандат)се поврзуваат со тоа дека биле блиски луѓе на поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, кој пак беше сменет од директорската фотеља на ЕЛЕМ уште пред две години. С.Н.
Слично

Поврзани вести