Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на ЦИА дошол на Балканот од две загрижувачки причини

Директорот на ЦИА дошол на Балканот од две загрижувачки причини
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА Џон Бренан од најмалку две причини дошол во изненадна посета на БиХ-првата е големата акција на Интерпол за запирање на трговијата со наоружување и воена опрема од Балканот кон Европа, а втората е зголеменото турко влијание, изјавил експертот за борба против тероризам Џевад Галијашевиќ. Резултатите од акцијата на Интерпол, во која се ангажирани до 5000 полицајци, иако многу скромни, се значајни , бидејќи се работи за оружје кое било во промет и кое се движело кон Западна Европа“, рекол тој и напоменал дека запленетото оружје од БиХ директно одело кон пунктовите на „Исламска држава“ во Западна Европа. Галијашевиќ навел дека владата на Саудиска Арабија на Бренан му дала разузнавачки податоци за засилување и многу негативно влиајние на Турција на подрачјето на БиХ поврзани со безбедноста. Се работи за зајакнување на турските борбени ефетиви низ операцијата „Алтеа“ а зголемено е и разузнавачкото дејствување“. Безбедносните служби на заедничко ниво се незапирливи во следењето на надзор од такво деструктивно дејствување“, нагласил тој. Очигледно е турската намера, вели тој, за што постојат и докази и во Ријад, да ја притисне Европа со бегалскиот бран и да ја направи нестабилна за да изнуди овластувања кои сака да ги добие во преговорите со Германија. „Оваа зголемена активност на Турција ја следи и додатна активност на иранските служби, која исто така има одредена поддршка од врвот на СДА, конретно од нејзиниот претседател Бекир Изетбеговиќ, што предизвикува додатна загриженост во САД“, истакнал тој.  
Слично

Поврзани вести