Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на пазарен инспекторат: Има поскапување на основните прехранбени производи во малопродажбата

Директорот на пазарен инспекторат: Има поскапување на основните прехранбени производи во малопродажбата

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски објави дека е поднесен извештајот до Министерството за економија за следењето на состојбата со цените во периодот по завршувањето на последната мерка за ограничување на трговските маржи и дека таму има поскапување на основните прехранбени производи во малопродажбата.

Според Стојкоски, цените на основните прехранбени продукти се зголемиле за три до  пет проценти во однос на периодот пред ограничувањето на профитните маржи во продавниците.

- Има зголемување на цените во малопродажбата, додека во големопродажбата тие се вратени на исто ниво како периодот пред одлуката. Има зголемување од три до пет проценти кај производите со најголем обрт. додека кај тие производи со помал обрт - хемиски производи, хигиена, пелени, бебешка храна, зголемувањата се движат од 10 па до над 20 отсто, истакна првиот човек на ДПИ.

Тој додаде дека поголемо намалување на цените инспекторатот забележал кај овошјето и зеленчукот.

Извештајот е поднесен до Министерството за економија од каде во координација со Владата ќе треба да одлучат дали да се преземат понатамошни мерки.

Слично

Поврзани вести