Директорот на гевгелиската болница се пишмани да даде отказ
Директорот на гевгелиската болница Сретко Јовановиќ, се уште размислува дали да даде оставка, иако претходно најави дека ќе го направи тоа ако се докаже дека анестеолозите во чии раце починаа родилка и бебето, биле пијани.
„Опцијата и јас да се повлечам се уште е отворена, а најголема причина за тоа е смртниот исход во случајот на родилката и нејзиното бебе”, изјави вчера Јованов.
Директорот ја најави неговата оставка во случај ако се докаже алкохол во крвта на анастеолозите.
Анализите на крвта покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози кои учествуваа во операцијата на родилката.
Во Институтот за судска медицина се уште се работи на извештајот од обдукцијата која треба да покаже што беше причината за смртта на родилката и нејзиното бебе.
