Директорот на ГА-МА објави: Гасоводот пристигна во Ѓорче Петров
Александар Арсиќ, директорот на националниот систем за пренос на природен гас ГА-МА, објави дека магистралниот гасовод кој во моментов е при крај со изведбата навлезе во скопската општина Ѓорче Петров.
„Жолто зелената боја на АД ГА-МА Скопје за прв пат и во Скопско Ѓорче Петров. Го започнавме процесот на гасификација. Веќе ги правиме првите приклучоци. Ги подобруваме условите за стопанството и чистата животна средина“, објави Арсиќ.
Се очекуваат првите приклучоци да се активираат во 2020, според претходно најавеното од Владата на РМ.

Слично
