Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на битолската пошта со службено возило си заминал во Грција

Директорот на битолската пошта со службено возило си заминал во Грција
Битолчанецот Е.А., директор на подружницата на „Македонска пошта“ во Битола, заработи кривична пријава затоа што без патен налог за патување во странство на 8 февруари заминал во Грција. Против 44-годишниот директор е покрената кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Полицијата го сомничи дека со службениот автомобил „Шкода фабија“ во сопственост на АД „Македонска пошта“ ја напуштил Македонија преку граничниот премин Меџитлија и отпатувал во Грција, а со тоа стекнал противправна имотна корист од околу 6.000 денари.
Слично

Поврзани вести