Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот Китанов направи конфузија со разликата на патарините за странци

Директорот Китанов направи конфузија со разликата на патарините за странци

Народната банка, сепак не ги зема разликите во цени кои странците ги плаќаат на македонските патарини ако плаќаат во евра. Голема конзфузија направи новиот директор на ЈП Македонски патишта откако новинарите го прашаа за разликата и тој одговори дека истата завршувала кај НБРМ од каде пристигна целосен демант на неговите непроверени тврдења.

Сепак, не сите пари кои се наплатуваат на македонските патарини завршуваат кај државното претпријатие, бидејќи мал дел од странските валути остануваат како процент за деловните банки кои имаат сервис на собирање на парите.

Зоран Китанов не открива за која деловна банка станува збор но, вели дека разликата во цените за домашните и странските минувачи била резултат на владина одлука од 2014-та која беше донесена за да се намали метежот на патарините особено во екот на туристичката сезона.

За полесно да се пресмета сумата за патарината ако странците плаќаат во евра се примени заокружена сума, односно да нема замена на центи или повеќе кованици за кусур со што се создаваше гужва и чекање. Без оглед дали е лето или зима истиот ценовник е на сила на македонските патарини.

Ова се цените на сите патарини во денари.

Ова се цените на сите патарини во евра.


Слично

Поврзани вести