Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорката на УЈП ќе почека со кревање на прагот за ДДВ регистрација на физички лица

Директорката на УЈП ќе почека со кревање на прагот за ДДВ регистрација на физички лица

Управата за јавни приходи ќе чека физичките лица кои во 2017 оствариле промет над еден милион денари доброволно да се регистрираат како ДДВ обврзници и нема веднаш да ги казнува.

За зголемување на прагот од еден на два милиони денари се размислува, но за од следната година, без оглед што засега најголемите критики на јавноста одат на оваа адреса и сите ја потсетуваат СДСМ дека даде преизборно ветување за промена на законските одредби,

Сања Лукаревска, директорката на УЈП влера истакна дека сите физички лица не се ДДВ обвризници, туку станува збор за мал број лица. Лукаревска рече дека бројот на физички лица регистрирани за цели за ДДВ во 2015 година бил 761, во 2016 1.059, а во 2017 година тој број изнесувал 1.185 лица.

Лукаревска објасни дека обврската ги опфаќа физичките лица кои самостојно вршат стопанска дејност, односно вршат испорака на добра и услуги и тоа во континуитет и притоа го надминуваат пропишаниот праг од еден милион денар на годишно ниво. Таа објасни дека независно од остварниот промент физички лица кои изнајмуваат станови за домување не подлежат на обврската за плаќање на ДДВ, како и определени услуги што се вршат кон странски субјекти, на пример програмерски.

Слично

Поврзани вести