Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорката на ММФ: Инфлацијата најверојатно ќе се скроти во 2023 година

Директорката на ММФ: Инфлацијата најверојатно ќе се скроти во 2023 година

Глобалните каматни стапки ќе продолжат да растат до 2023 година и дури тогаш ќе почнат да се оладуваат вжештените цени, тврди Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд.

Следната година ќе почне да функционира зголемувањето на каматите, смета Георгиева, и оцени дека инфлацијата во светот најверојатно ќе се скроти следната година кога ќе стапи на сила зголемувањето на каматните стапки.

Според неа, глобалните каматни стапки ќе продолжат да растат до 2023 година, а дури тогаш ќе почнат да се оладуваат жешките цени како одговор на активностите на централната банка.

Цените на суровините, како нафтата, можеби се стабилизираа и почнаа да опаѓаат во последните месеци, но Георгиева смета дека тоа не мора да значи дека инфлацијата е скротена, туку дека тоа е реакција на пазарните играчи на ризиците од рецесија.

„Ставете ја инфлацијата под контрола. Централните банки ги засилуваат мерките за контрола на инфлацијата и тоа е приоритет. Тие мора да продолжат додека не стане јасно дека инфлациските очекувања се цврсто вкотвени“, изјави Георгиева за CNBC на маргините на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Бали, пренесе Танјуг.

Во моментов, додаде таа, „сè уште гледаме дека инфлацијата расте, па мораме да ѝ дадеме студен туш“.

Иако многу од податоците кои се користат за одредување на индексот на потрошувачките цени доцнат.

Георгиева изјави дека сите знаци укажуваат дека инфлацијата се уште не е под контрола и заклучи дека е најважно да се воспостави контрола над неа, во спротивно ќе се намалат приходите, што најмногу ќе ги погоди најсиромашните делови на светот.

Фото: EPA/ SONNY TUMBELAKA/POOL / POOL

Слично

Поврзани вести