Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорката на Домот: Нема ништо спорно во снимката

Директорката на Домот: Нема ништо спорно во снимката
Директорката на Домот за деца без родители ,,11 октомври”, Ристенка Атанасова не ја негираше автентичноста на снимките што ги објави опозиционерот Заев, а во кој се слуша како наводно, таа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се договараат колку деца, кои веќе не се во Домот ќе одат да гласаат на изборите. Атанасова во изјава за НОВА рече дека нема ништо спорно во разговорот со министерот од владејачката партија и рече дека ако ѝ се јавеле од СДСМ таа ќе го направела истото. ,,Нешто сакаше да се изврти. Во изјавата никаде не стои дека децата ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, туку да излезат да гласаат што е нивно законско право, а ние им помагаме финансиски за да дојдат да гласаат“- изјави Атанасова за НОВА. Инаку, Илија Јовановиќ од здружението на деца без родители, кој беше спомнат во разговорите, побара оставка од директорката Атанасова. Тој побара и јавно извинување, во спротивно рече дека ќе поднесе кривична пријава против Атанасова, особено ако се злупотребувани деца, кои вели дека сега живеат под кирија.  
Слично

Поврзани вести