Директорите на МРТВ одбија да се сретнат со незадоволните стечајци
Започна протестот на стечајците во Скопје. Тие најпрвин се собраа пред зградата на МРТВ, со барање да се сретнат со директорите и да разговараат со нив за проблемите што ги имаат со наплатата на радиодифузната такса.
Директорите на телевизијата одбија да се сретнат со нив. Стечајците посочија дека премиерот Никола Груевски, во неколку јавни говори и телевизиски интервјуа најави отпишување на долговите кои ги имаат и стечајците во Македонија кон државните претпријатија, во кои спаѓа и радиодифузната такса.
„УЈП на сите стечајци кои имаат било каков прилив на средства им ги сопираше парите, а им наплати дополнителни 700 денари за услуги. За какви отпишувања на долгови на стечајците зборува Груевски? Ние се бориме да преживееме од ден за ден, илјадници луѓе гладуваат, а власта ни зборува дека ќе отпишува долгови. Кого лажат?“, изјави Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајци „УНИТ“.
Протестот на стечајците, кој продолжува пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија и пред Владата, го поддржуваат и граѓанските здруженија „Ленка“ и „Солидарност“.
Слично
