Директор од Македонски железници е повреден во тешката сообраќајка во Албанија
Во тешката сообраќајна несреќа која во неделата се случи во Албанија, е повреден Ирфан Асани, директорот на Македонски железници – Инфраструктура. Тој е македонски државјанин кој од Албанија со хеликоптер беше пренесен во Ургентниот центар во Скопје, објави „Слободен печат".
Во несреќата на патото кон Тирана, службеното возилото на Асани, се судрило со друго возило и излетало од патот. Само еден час по несреќата, директорот на Македонски железници со изнајмен хеликоптер е донесен во Скопје и сместен во Клиничкиот центар.
Дел од медиумите пренесоа и дека сообраќајката се случила со возило на ЕУЛЕКС.
Слично
