Директор на Google открива: Бидете бестрашни ако сакате професионален успех
Питер Ропер кој од 2014-та е директор во Google за мобилни стратегии открива како стигнал до својот професионален успех и неверојатните раководни позиции кои ги извршувал.

Ропер вели дека мора да бидете бестрашни и сами да излезете на пазарот бидејќи никој нема сам да ви додели некоја важна или раководна позиција. Тој испратил директен мејл до менаџерот на апликацијата за музика Songza која ја обожавал и му дал предлог дека може да ја зголеми продажбата. Songza во тоа време немале активен оглас за вработување, но донеле одлука да му дадат шанса на Ропер кој ја прифатил одговорноста.
Потоа Songza беше купена од страна на Google, за подоцна технолошкиот гигант да му понуди да се приклучи на нивниот тим. Таму Ропер работел доста храбро, постојан предложувал развојни проекти на своите претпоставени и правел мрежа на соработници со претставници од надворешни индустрии. Таквата иницијатива била наградена и Ропер стигнал до позицијата шеф на мобилни стратегии.
