Динко Велев упорен - ќе дојде да ја постави плочата на Кајмакчалан
Бугаринот Динко Велев од Јамбол не се откажува од идејата да се сретне со новинарот Миленко Неделковски, кој неодамна ја урна плочата на бугарските војници на Кајмакчалан.
„Во најскоро време повторно ќе тргнам кон Македонија. Не сме ги расчистиле сметките за прашањето со спомен плоча на Кајмакчалан. Ништо не може да ме запре да го ставам споменикот! Тоа е мојата улога во историјата на Бугарија“- објави Велев.
Велев не спомнува датум кога планира повторно да тргне кон Македонија.
Тој минатата недела беше запрен на границата со Македонија при обид да влезе во земјава. Вели дека не се откажува од намерата и продолжува да ја носи во багажникот спомен плочата во чест на загинатите Бугари во битката на Кајмакчалан, додека не дојде моментот да ја постави на истото место, пишуваат бугарските медиуми.
Споменикот кој беше диво поставен на Кајмакчалан, беше уништен со чекан од Миленко Неделковски. По ова, тој и Велев почнаа онлајн војна.
