Динкиќ: На Србија и требаат две милијарди евра инвестиции годишно
За успешен економски развој на Србија, почнувајќи од 2013 година, треба да се обезбедат најмалку две милијарди евра директни странски инвестиции годишно, тврди Министерот Млаѓан Динкиќ.
Во интервју за Танјуг, Динкиќ изјави дека секој прилив на странски инвестиции, во износ поголем од три милијарди евра годишно, е голем успех и значително ќе придонесе за економскиот раст, кон што се стреми сегашната српска влада.
Српскиот министер изрази оптимизам за изнаоѓање решение за Железарата во Смедерево, истакнувајќи дека се преговара со руската компанија „Uralvagonzavod" за преземање на фабриката со околу 5.000 работници.
Во интервјуто, тој вели дека Србија сега нема има доволно пари за големи инвестиции во земјоделството и потсети дека земјоделскиот буџет е сега е 70% повисок во новиот план за оваа година, во споредба оној на претходната влада.
„Ќе има пари и за неповратни грантов за земјоделците кои сакаат да инвестираат и да го подигнат нивото на годишните приноси“, вети српскиот министер за финансии.
Слично
