ДИМОВСКИ: Пратениците на СДСМ праќаат тајни пораки да не им се одземаат мандатите
Пратениците на СДСМ водат двојна игра - јавно изнесуваат едни ставови, а тајно ни праќаат пораки дека не сакаат мандатите да им бидат одземени, тврди координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Тој вели дека 31 пратеник од опозицијата се единствени во државата кои шест месеци не одат на работа, а земаат плата.
„Ваквата состојба која што СДСМ ја проектира на јавни закани, силења, уценувања не може да трае на долг рок. Знаете како се правилата, ако три дена човек неоправдано не се појави на своето работно место, без разлика дали е новинар, работник, дали работи во администрација или било каде, ќе си ги сноси одговорностите. Очигледно СДСМ сака со овие силења, закани на своите пратеници да им овозможи некоја комотна состојба која за ниеден друг граѓанин во Република Македонија не важи“, вели Димовски.
Според него, најголеми губитници од ваквиот однос на опозициските пратеници се граѓаните кои гласале за нив.
Слично
