Димовски: Наспроти очекувањата на опозицијата, Македонија ја задржа препораката!
Не се остварија црните сценарија на опозицијата, Македонија доби нова препорака за почеток на преговорите за членство во Европската унија, вели Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа партија ја поздравува шестата по ред препорака на Европската комисија за земјава.
„Оваа препорака значи дека Европската комисија отценува дека Република Македонија ги исполнува демократските и институционалните услови за наше целосно интегрирање во Унијата. Македонија е држава која е спремна да започне преговори. Македонија ги исполнува стандардите, Комисијата го констатира тоа и го препорачува. За среќа, не се остварија сценаријата за кои хаотичното раководство на СДСМ се надеваше и работеше“, вели Димовски.
Според него, начинот и методологијата како е изработен и презентиран Извештајот како документ не е различен од претходните години - има елементи кои се пофалени и означени како навистина напредни, но има и теми за кои Европската комисија очекува поголем ангажман од страна на домашните институции, но и на сите политички субјекти и општествени чинители.
„Жалиме што токму политичкиот дијалог помеѓу партиите и односите помеѓу нив е една од најкритикуваните теми. СДСМ со своите уцени и деструктивно однесување ги лаже сопствените членови и токму тоа е тоа на што СДСМ се осврнува. Се надеваме дека СДСМ и нивното раководство ќе научат дека со напад спрема својата држава не можат да успеат во својата желба за враќање на власт“, вели Димовски.
Слично
