Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски ќе управува со Анкетната комисија за „аферата со лични карти“, СДСМ нема да учествува!

Димовски ќе управува со Анкетната комисија за „аферата со лични карти“, СДСМ нема да учествува!

За претседател на  Анкетната комисија за расчистување на аферата со фалсификуваните лични карти и документи на денешната седница е изберен пратеникот и координатор на владеачката партија Илија Димовски.

Овој избор ги судри претставниците на владеачката партија и опозицијата, кои имаат спротивставени ставови по однос на новоформираната Комисија.

На овој избор не учествуваа од опозицијата. Претставници од партијата на Заев не доставија нивни предлози а не предложија ниту членови.

Во реакцијата на СДСМ истакнаа дека немаат намера да учествуваат во Анкетната комисија „којашто ВМРО-ДПМНЕ сам си ја составува во ова Собрание која не ниту согласно договорот од Пржино“.

„Нашиот став поврзан со анкетните комисии е за утврдување на политичка одговорност на функционери така што во ова Собрание веќе има формирано Анкетна комисија согласно договорот од Пржино, а таа е поврзана со скандалот со прислушувањето и ги опфаќа сите работи со одгвоорност на избрани и именувани функционери во оваа држава“, изјави координаторот на СДСМ Сугарески.

Од оваа пратеничка група велат дека нема потреба од формирање на таква Анкетна комисија, тие ја сметаат за нелегитимна, посочувајќи дека власта бара алиби затоа што очигледно во МВР во моментот се води темелна истрага.

Оваа комисија ќе има 16 членови. Трајче Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев и Драган Данев се изберени од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека  Талат Џафери и Ејуп Рустеми од ДУИ.

Газменд Аљији е членот од ДПА, а пратеничката Солза Грчева е изберена како независен пратеник во работата на оваа Комисија.

Слично

Поврзани вести